(ВИДЕО) Трајко Бојковски убил 4 жени, а на судењето гледаше само во таван

Започна судењето против Трајко Бојковски (25) обвинет за четири убиства и две обиди за убиство на повозрасни жени во регионот на Куманово.

На почетокот на судското рочиште обвинетиот Бојковски не одговараше на прашањата на судијата, само гледаше во таванот. Неговиот адвокат објасни дека тој се вознемирил од камерите и од присуството на повеќе лица во судницата.

Обвинителството тврди дека ќе докаже оти Бојковски со умисла ги извршил кривичните дела, а како докази најави записници од увид, ексхумации, обдукциски наоди, ДНК-анализи и судско-психијатриско вештачење.

Обвинителот Љубомир Лапе вели дека ова е случај каков што досега не бил забележан во македонската судска пракса.

Обвинителството тврди дека посебните мотиви за делата ќе бидат утврдени преку вештачењата и другите материјални докази и дека ќе се докаже некрофилија.

Обвинението се однесува на убиствата во селата Клечовце, Драгоманце, Старо Нагоричане и Челопек, како и на два случаи на обид за убиство.

Семејствата на четирите убиени жени се приклучија кон кривичниот прогон.

Back to top button
Close