Агенцијата за храна и ветеринство се уште ги нема добиено анализите по труењето од храна на шестмина работници во ТИРЗ Штип


По пријавата за труење на шестмина вработени во фабрика во ТИР зоната во Штип, од Агенцијата за храна и ветеринство денеска информираат дека до овој момент ги немаат добиено резултатите од лабараториските испитувања од земените брисеви и мостри од храната. Но, кај фирмата која ја обезбедува храната за вработените во фабриката во ТИР зоната од надзорот констатирани се отстапувања во хигиената од помал обем, за што како што информираат од АХВ на операторот и на одговорното лице му е изречена парична казна, а кујната е времено затворена до отстранување на утвредните недоследности.

-Во средата, по добиени пријави од ЈЗУ Штип, дека шест вработени во компанијата се јавиле на лекување со стомачни тегоби по консумирање на оброк во компанијата, инспектор за храна од АХВ во соработка со Државниот Институт за јавно здравје Скопје, спроведе вонредна инспекциски надзор во кујната каде се послужувала храна. Земени се брисеви и мостри за лабараториско тестирање за утврдување на евентуалниот причинител на можно труење со храна-соопштија од АХВ.

Инаку, четворица од вработените во фабриката медицинска помош побарале во Клиничка болница-Штип, а две лица во приватни здравствени институции и не се задржани на болничко лекување.

Back to top button
Close