Камчев уценет по безбедноста на семејството морал во суд да изјави дека луксузните станови се мои,тврди бегалецот Груевски ?!

За вкупна почетна цена од 2.457.000 евра, државата повторно ги стави на продажба трите луксузните станови на Водно, кои Обвинителството ги презентираше како скриен имот на екс премиерот Никола Груевски, а кои беа конфискувани со пресудата за случајот „Плацеви на Водно“.
Станува збор за три стана во Панорама резиденс, со вкупна површина од 750 квадратни метри. Апартманите се луксузно опремени, а од огромните балкони, со површина на просечен стан, Груевски требало да има неверојатна глетка кон цело Скопје.
Еден од апартманите е со големина од 155 квадратни метри, со балкон од 95 квадрати. Почетната цена од која ќе почне наддавањето е 760.000 евра. Од објавените фотографии може да се види дека станот располага со џакузи.



Вториот стан е со големина од 199 квадрати, со балкон од 48 метри квадратни. Наддавањето за него ќе почне од 847.000 евра.


Третиот е речиси со идентична големина, односно од 200 квадратни метри и со балкон од 48 квадрати. Неговата почетна вредност е проценета на 850.000 евра.



Сите заинтересирани потенцијални купувачи ќе имаат можност да ги разгледаат становите на 16 јули, а електронското надавање ќе се оддржи на 29 јули.
Во аферата околу луксузен стан на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски исто беше вмечан контроверзниот бизнисмен Орце Камчев и случајот беше затвор со тврдење дека тој им го подарил.
За луксузните три станови на Водно проценети дека чинат 2,5 милиони евра и тврдењето на Груевски дека е местенка односно Камчев под уцена за безбедноста на неговата фамилија во суд сведочел дека сите три стана се на Никола Груевски, бизнисменот засега нема коментар кој лаже а кој ја зборува вистината.






