Лишени од слобода тројца скопјани, во продажен објект во Велес извршиле кражба, одземеното вратено на сопственикот

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 12:30 часот во Велес ги лишиле од слобода С.С.(32), М.Х.(22) и Б.Ј.(19) сите од Скопје.
Како што соопшти МВР претходно, 39-годишна велешанка пријавила дека забележала две машки лица кои го напуштаат објектот каде била вработена со поголема количина на роба и кога се упатила кон нив, истите се дале во бегство, по што влегле во патничко возило и го напуштиле местото, а пријавителката забележала дека од објектот биле одземени повеќе предмети.
Набргу, по преземени мерки, полициски службеници од СВР Велес сопреле патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С., а сопатници биле М.Х. и Б.Ј. и при преглед одземеното било пронајдено во возилото и вратено на сопственикот.
Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.






