Еден загинат 17 повредени кога патничко комбе излета од патот на Котор – Никшиќ


Најмалку едно лице загина во несреќа на главниот пат Котор – Никшиќ, кај местото Липци, неофицијално дознава ТВ Вијести.

Во таа сообраќајна несреќа повредени се 17 лица, неофицијално за „Вијести“ изјавија од Полициската управа.

Повредените се префрлени во болницата во Рисан.

Според истите информации, несреќата се случила околу дваесет минути пред 14 часот, кога патничко комбе излетало од патот.

Back to top button
Close