Локалитетот Куклица се уште е под узурпација: Една жена не ги пушта туристите, се вративме сите и странци и наши


Иако помина еден месец откако јавноста беше информирана дека татко и ќерка од Кратово го узурпирале заштитеното подрачје Куклица, и незаконски наплаќале влез на посетители, проблемот се уште не е надминат, бидејќи граѓани реагират дека се уште трае самоволието, бидејќи не можеле да стасаат до локалитетот.

-Куклици. Камени формации стари 10 милиони години. Локалитет, туристичка атракција во Кратовско.
Отидовме денеска друштво, нас седуммина, да го видиме.
Стигнавме некаде околу 1, таму полиција, љубезно не информираат дека ќе има некој увид на локалитетот и дека не можеме да го посетиме. Разбрани ние, отидовме во Кратово, убаво се прошетавме и се вративме по неколку часа. Патем, Кратово е супер гратче. Да го посетите ако не сте до сега.
И се враќаме ние, кога таму, врата со катанци!
Една жена, не пушта никого! Имаше 4 скопски коли, еден мини ван белгијци и една кола со кратовска регистрација.
Се јавив во полиција, веднаш дојде.
Направија записник.
Тоа “увидот” претходно, било токму за истото.
Значи полиција еднаш, по неколку часа полиција уште еднаш, а женава гајле си нема. Не пушта туристи да го посетат локалитетот.
Едноставно, таа е сопственичка на локалитет стар 10 милиони години.
И тоа е тоа.
Сите си се вративме. И странци и наши, се вели во реакцијата на револтирана скопјанка.

Иако и градоначалникот на Кратово неодамна посочи дека проблемот е надминат, сепак посетителите повторно не можат да го посетат ова место.

Back to top button
Close