Син убил татко, кој алкохолизиран ја нападнал сопругата во Скопје
Триесет и едногодишен скопјанец е лишен од слобода под сомнение дека со нож го усмртил својот татко по семеен инцидент што се случил синоќа во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, настанот се случил околу 22:35 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар. Според пријавеното, 52-годишниот Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга.






