Девет европски земји и Украина формираа коалиција за развој на ракетна одбрана

Девет европски земји, заедно со Украина, во Париз создадоа целосно одбранбена коалиција за развој на антиракетни капацитети во Европа.

Во заедничката декларација, лидерите на Данска, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Шпанија, Шведска, Украина, Холандија и Велика Британија нагласија дека иницијативата има за цел зајакнување на заедничките одбранбени капацитети.

– Со здружување на нашата одбранбена индустриска база, истражување и оперативно искуство, нашата цел е да изградиме заеднички капацитет против балистички ракети за Европа. Оваа мерка не е насочена против ниту еден народ, туку во одбрана на нашиот, се наведува во заедничката декларацијата.

Back to top button
Close