Хајредини му возврати на Костовски: Не гледам причина да ви се извинам
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини одговори на реакцијата на бизнисменот Трифун Костовски, кој побара јавно извинување поради неговата изјава поврзана со случајот „Еуростандард банка“.

„Г. Трифун, јас не гледам причина за извинување“, напиша Хајредини на социјалните мрежи
Претходно, Костовски јавно реагираше на изјавата на Хајредини, кој, коментирајќи ја реченица на Костовски „Ми крадете од животот што не сте ми го дале“, изјави: „Како што ти им крадеше од животот на штедачите на твојата банка“.
Во реакцијата, Костовски наведе дека сака да верува оти изјавата е погрешно пренесена или извадена од контекст, но доколку е автентична, побара Хајредини јавно да ја повлече и да му се извини.






