Ослободителна пресуда за Груевски за ,,Талир 2″, по 8 години се одмрзнува ,,Белата палата” на ВМРО-ДПМНЕ
Денеска во Кривичниот суд беше изречена ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски, кој беше обвинет во ,,Талир 2″, за незаконската изградба на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, пренесе Фокус.

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска рече дека ослободителната пресуда е резултат на измените на Кривичниот законик од 2023 година, бидејќи тие навидум минорни измени на Кривичниот законик, всушност, многу влијаеле на битието на кривичното дело
Судијката истакна и дека застапникот на обвинението не вложил напор ни на повтореното судење, ни во завршниот збор, да смени нешто во обвинението во однос на измените на Кривичниот законик.
Овој предмет е веќе изгубен за Обвинителството, бидејќи и да поднесат жалба до Апелација, предметот застарува за еден месец.
Ова значи дека ВМРО-ДПМНЕ конечно по 8 години ќе ја одмрзне, ,,Белата палата”, вредна 14 милиони евра и останатио партиски имот во вредност од 2 милиони евра, кој наскоро ќе може да го издава или продава, но најважно го спаси од конфискација.






