Двајца мажи од Студеничани репетирале пиштол и се заканувале кон семејство во Старата скопска чаршија

На 13.07.2026 во 13:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х.(60) и И.Х.(27), двајцата од село во општина Студеничани, скопско, по претходна пријава дека околу 12:40 часот во Старата скопска чаршија, А.Х. репетирал огнено оружје кон 36-годишен маж и неговото семејство од скопско, им упатил закани и се обидел да ги нападне.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Back to top button
Close