Косово ја прогласи српската министерка Снежана Пауновиќ за персона нон грата

Косово ја прогласи српската министерка за државна администрација и локална самоуправа Снежана Пауновиќ за персона нон грата, воведувајќи трајна забрана за нејзин влез или транзит низ земјата.

Одлуката е донесена откако Пауновиќ изјави дека „да беше на местото на Слободан Милошевиќ, таа ќе го исчистеше етнички Косово во 1998 година“, објави Коха.

Вршителот на должноста министер за внатрешни работи, Џељал Свекла, рече дека јазикот на Пауновиќ е продолжение на државната политика што доведе до децении насилство, злосторства и обиди за протерување на Албанците од нивните земји. Тој додаде дека ваквите изјави треба категорично да бидат осудени од сите земји.

„Како министер за внатрешни работи на Република Косово, денес донесов одлука со која ја прогласувам Снежана Пауновиќ за персона нон грата, непосакувано лице, со трајна забрана за влез или транзит низ Република Косово. Ерата во која Албанците беа угнетувани, масакрирани и подложени на етничко чистење заврши еднаш засекогаш“, напиша тој на Фејсбук.

Свекла додаде дека секој обид за оживување на идеологиите поврзани со етничко чистење или закани против Република Косово „ќе наиде на цврст, правен и институционален одговор

Back to top button
Close