Несреќа вчера на автопатот Тетово–Скопје, пет лица се пренесени во болница

Пет лица се повредени во сообраќајната несреќа што вчеравечер се случила на автопатот Тетово–Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата учествувале товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки и автомобил „голф“ со охридски таблички. Повредени се двајцата возачи и тројца сопатници од автомобилот, кои биле пренесени во Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“.

Несреќата предизвикала голем застој и долги колони возила на автопатот.

Бил извршен увид, по што ќе се утврдат причините за судирот

Back to top button
Close