Компанија од Сарај која увезувала јаглен за РЕК Битола стана голем акционер во „Македонијатурист“
Компанија која го снабдуваше РЕК Битола со јаглен ја купи фирмата МГФ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје на бизнисменот Зоран Антиќ и се стекна со акции откако влезе во сопственичката структура на „Македонијатурист“, нашата најголема хотелиерска компанија.

Преземањето на компанијата МГФ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје е внесено во Централен регистар и нов сопственик е фирмата е ПРОМЕТ СТЕЕЛ ХОЛДИНГ ДОО Скопје.
Инаку, МГФ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје е основана во 2025 година со регистрирана дејност – останати услужни дејност, но се уште нема остварено деловна активност. Таа е фирма основана оф МГ Фешн на Зоран Антиќ кој го гради станбено-деловниот комплекс на паркингот кај Холидеј ин, хотел кој е во сопственот на „Македонијатурист“.
Новиот сопственик на МГФ, ПРОМЕТ СТЕЕЛ ХОЛДИНГ е во сопствеништво на Абедин Алиу и неговата потесна фамилија. Тој се појави во медиумите пред неколку години, кога ги негираше обвинувањата дека увезува јаглен од Грција, наместо договорениот од Косово, за наводно да профитирал од разликата во цената.
Претходно, фирмата Поливерзум Дооел Скопје стана најголем акционер во хотелско-угостителската компанија „Македонијатурист“, откако денес за тоа беше известено како информација на Македонска берза.
„Поливерзум“ претходно поседувал само мал број на акции, а сега е сопственик на 100.960 обични акции и зафаќа учество од 22,32 отсто од акционерската структура.
„Поливерзум“ е основана во 2019, во сопственост на Баки Ајдин и основна дејност неспецијализирана трговија на големо, а седиштето е во Гази Баба. Во 2025 остварил приходи од 114 милиони денари и добивка од 73 милиони денари, или околу 1,2 милиони евра.
Во моментов инвеститори кои поседуваат над 5% од акциите се Хотелско угостителско акционерско друштво Македонијатурист (10%), Јусуф Камбер (10,76%), Современ дом АД Прилеп (5,09%), Скопски пазар АД (19,90%), МГФ Инвестмент ДООЕЛ Скопје (15,53%) и Поливерзум ДООЕЛ Скопје (22,32%).





