Сите криминалци во Македонија се на слобода, освен тие кои украле ќебапи или не платиле еден месец струја, вели Најчевска за пресудата за Груевски

Сите криминалци во Македонија се на слобода, освен тие кои украле ќебапи или не платиле еден месец струја, вели Најчевска за пресудата за Груевски

Професорката Мирјана Најчевска реагираше по ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“, оценувајќи дека во Македонија на слобода се сите криминалци, освен оние кои сториле ситни прекршоци.

„Сите криминалци во Македонија се на слобода. Освен оние најголемите кои закасниле со плаќање на струја еден месец, кои украле 30 ќебапчиња и оние најстрашните кои продаваат китки магдонос и лозов лист пред пазарите. За нив нема милост. Законот е еднаков за сите. Посебно кога криминалците го кројат и донесуваат законот, а нивните пулени го спроведуваат“, напиша Најчевска.

Нејзината реакција следува откако Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за Никола Груевски во повтореното судење за предметот „Талир 2“, кој се однесуваше на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска образложи дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, како и на тоа што обвинителството не го приспособило обвинението на законските измени.

Со оваа одлука, ВМРО-ДПМНЕ по осум години ќе може повторно да располага со своето седиште – „Белата палата“, како и со останатиот партиски имот што беше предмет на постапката. Предметот застарува за околу еден месец, поради што и евентуална жалба до Апелациониот суд нема да може да влијае врз конечниот исход.

Back to top button
Close