Мицковски не е сигурен за договор за Изборниот законик. Проблем биле „незрели политичари“

Ги повикувам на зрелост и одговорност претседателите на ДУИ, СДСМ, Левица, крилата на Зијадин Села и Арбен Таравари, да седнат заедно како опозициски партии, да се договорат и нека донесат закон во кој е вклучено гласањето на дијаспората. Кога ќе го донесат, ние ќе го прифатиме – без воопшто да полемизираме на таа тема, вели премиерот

 

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не е оптимист на денот кога истекува дополнителниот рок за постигнување консензус и донесување на изборниот законик.

Тој повтори дека владејачката коалиција понудила опција – опозицијата заедно да договори предлог-измени, а власта „бланко“ да ги поддржи, со единствен услов – гласањето на дијаспората да биде вклучено.

„Поминаа денови, тие се натегаат кој кого ќе го викне и каде ќе се одржи тој состанок помеѓу опозицијата. ​Јас денеска еве ги повикувам на зрелост, на одговорност, и претседателите на ДУИ, СДСМ, Левица, крилото на Зијадин Села, на Арбен Таравари, да седнат заедно како опозициски партии, да се договорат и нека донесат закон во којшто е вклучено гласањето на дијаспората. Поминаа денови, а тие се натегаа кој кого ќе викне и каде ќе се одржи тој состанок меѓу опозицијата. Јас денеска ги повикувам на зрелост и одговорност претседателите на ДУИ, СДСМ, Левица, крилата на Зијадин Села и Арбен Таравари, да седнат заедно како опзициски партии, да се договорат и нека донесат закон во кој е вклучено гласањето на дијаспората. Кога ќе го донесат, ние ќе го прифатиме – без воопшто да полемизираме на таа тема. Покоректно јас не знам што можеме ние како влада да направиме“,рече Мицкоски.

Во однос на реакцијата на СДСМ, од каде што посочија дека ЕУ не бара промена на Изборниот законик, туку кредибилни избори, премиерот вели:

„Jас честопати велам и не знам дали понекогаш СДСМ и треба да ја коментираме, но ова прашање заслужува коментар, бидејќи е значајно за граѓаните и за државата. Впрочем сите можеа да ја слушнат комесарката Марта Кос како таа тоа го кажа. Еве, мене не мора да ме слушаат, неважен сум јас во случајот, еве нека ја слушаат комесарката Кос, таа го кажа дека тоа е дел од реформите коишто се битни за евроинтеграција. Знаете, чудни се некои политичари во опозицијата. Кога станува збор за нивен интерес т.е. да бидам попрецизен, нивен џеб, тогаш полна им е устата со Европа, Европа и само Европа. Кога треба да зборуваме за одговорност и носење потези, а кога се во опозиција, тогаш сѐ прават само за да ние таму не стигнеме каде што треба да стигнеме. Но и со нив и без нив, ние продолжуваме да ги реализираме стратешките цели, а тоа е полноправно членство на земјата во рамките на Европската Унија.

Back to top button
Close