Нападнал работник на „Комунална хигиена“, го следел до неговиот дом, а се слушнале и истрели

Вработен во ЈП „Комунална хигиена“ пријавил дека бил физички нападнат додека извршувал работни задачи, по што напаѓачот го следел со возило до неговиот дом, а во меѓувреме слушнал и истрели од огнено оружје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 14 јули 2026 година, во 19:00 часот, во СВР Скопје, Р.И. (48) од Скопје пријавил дека околу 17:50 часот на улицата „Маџари“, додека бил на работното место како вработен во ЈП „Комунална хигиена“, со возило дошол Б.П. (52) од Скопје и физички го нападнал.

Според пријавата, по нападот осомничениот продолжил да го следи со своето возило сè до домот на пријавителот, кој во текот на настанот слушнал и истрели од огнено оружје.

Back to top button
Close