Апелација ја потврди доживотната пресуда за убиствата на Вања и Панче, на таткото Александар пак ќе му се суди

Апелација ја потврди доживотната пресуда за убиствата на Вања и Панче, на таткото Александар пак ќе му се суди

 

Апелациониот суд Скопје ги потврди доживотните казни затвор за Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боро Видевски и Влатко Кешишев во предметот познат во јавноста како „Убиството на Вања и Панче“, а го укина ослободителниот дел од пресудата за Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој ќе биде повторно суден.

Како што соопшти Апелациониот суд, по одржаната јавна седница и разгледувањето на жалбите, ги одбил како неосновани жалбите на обвинетите Велибор Манев, Боро Видевски, Влатко Кешишев и Љупчо Палевски.

Истовремено, ја уважил жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и ја потврдил првостепената пресуда во осудителниот дел, со која четворицата обвинети беа прогласени за виновни за грабнување и за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски и осудени на доживотен затвор.

Воедно, Апелациониот суд го укинал ослободителниот дел од пресудата што се однесува на Александар Ѓорчевски, кој беше ослободен од обвинението за помагање при грабнување на неговата ќерка. Предметот во овој дел е вратен на Основниот кривичен суд Скопје на повторно судење и одлучување.

Од Судот информираат дека поради обемот на доказниот материјал и сложеноста на предметот, во тек е писмената изработка на одлуката, која по изготвувањето ќе биде објавена на веб-страницата на Апелациониот суд Скопје.

Back to top button
Close