Најмалку 11 загинати во пожар во дом за деца без родители во предградие на Алжир
Најмалку 11 лица загинаа, а 19 се повредени во пожар во сиропиталиште во предградието на алжирската престолнина Алжир, соопшти денеска службата за цивилна заштита.
Пожарот избувнал во Фондацијата за згрижување и помош на деца што се наоѓа во општината Мохамадија, а екипите на цивилната заштита се уште се борат со огнената стихија.
„Според првичните податоци, загинале 11 лица“, се наведува во соопштението на службата, без да биде прецизирана возраста на жртвите.
Алжирскиот премиер, Сифи Гриб, ги посетил повредените лица сместени на одделенијата за изгореници во болницата во Зералда, како и во болницата „Мустафа Бача“ во Алжир.
Причината за пожарот засега не е позната. Дојавата за пожарот била испратена околу 3 часот изутринава по локално време.
Алжир во последните денови е погоден од силен топлотен бран, а во земјата во изминатата недела се регистрирани речиси илјада пожари.






