СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ денеска преку соопштение обвини дека ослободувањето на Драган Павловиќ Латас, откако Обвинителството се откажало од обвинението против него, претставува уште еден доказ за, како што наведуваат, политичко влијание врз правосудниот систем.

 

Од партијата посочуваат дека по ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски, случајот со Латас, според нив, покажува дека премиерот Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството.

„Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ДПМНЕ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат. Кога станува збор за политички неистомисленици или критичари на власта, Обвинителството е многу ревносно и ефикасно“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ оценуваат дека ваквата состојба претставува пречка за европската интеграција на државата, бидејќи, како што наведуваат, Европската Унија бара независно судство и независно обвинителство.

Back to top button
Close