Уставниот судија Гоце Наумовски си поднесе оставка пет месеци по изборот од „лични причини“ ?!

Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка, пренесе ТВ 24 повикувајќи се на собраниски извори.

Според истите извори оставката е веќе доставена до Собранието.

Гоце Наумовски беше избран за уставен судија во февруари годинава , по предлог на Наумовски доаѓа на предлог на Комисијата за избори и именување.

Наумовски е професор на Правниот факултет, брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски и како што соопшти Владата надворешен советник на премиерот Христијан Мицкоски за правни работи.

Back to top button
Close