Владата на Маѓар пријави сомнителна злоупотреба на средства за време на владеењето на Орбан

Унгарската влада денеска соопшти дека доставила извештај до полицијата за сомнителна злоупотреба на јавни средства за време на набавка на образовен софтвер за време на претходната влада на Виктор Орбан.
Премиерот Петер Маѓар, кој го победи Орбан на априлските избори, вети порешителна борба против корупцијата и формирање независно тело за истражување на наводните коруптивни практики за време на владеењето на Орбан, објавуваат британските медиуми.
Орбан негираше какво било незаконско работење.
Унгарскиот министер за наука и технологија Золтан Танач денеска изјави дека неговото министерство ги разгледало договорите во областа на информатичката технологија склучени од 2019 година и изрази сомнежи за оправданоста на трошењето повеќе од 100 милијарди форинти за образовен софтвер.
„Наодите покажаа недостаток на конкуренција, монополски системи… лош квалитет, како и институции кои беа изложени на таква ситуација и неразумно високи цени“, рече Танач на прес-конференција.
Тој додаде дека државата ја направила употребата на тие софтверски системи задолжителна и дека училиштата и институциите тогаш немале избор.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во мај изјави дека ЕУ ќе деблокира 16,4 милијарди евра средства за Будимпешта, кои претходно беа задржани поради загриженост за корупција






