Гром предизвика пожар кај село Макреш, изгореа околу 15 хектари

Гром предизвика пожар во атарот на селото Макреш, во општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) и Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Старо Нагоричане.

Во пожарот изгореле стрниште, сува трева и нискостеблеста шума на површина од околу 15 хектари.

Според информациите од ТППЕ Старо Нагоричане, на терен интервенирале две противпожарни возила и шест пожарникари, со помош на двајца жители од селото. Интервенцијата траела од 15:10 до 19:55 часот.

Од ТППЕ информираат дека пожарот е целосно ликвидиран и не постои опасност од негово повторно активирање.

Back to top button
Close