Преку апликација ѝ упатувал закани на поранешната партнерка, приведен 35-годишник
Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне во скопската населба Аеродром го лишиле од слобода 35-годишниот Б.С. од светиниколско, поради сомнение дека ѝ упатувал закани на својата поранешна партнерка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, тој бил приведен по претходна пријава дека преку апликација на мобилен телефон ѝ упатувал закани на својата поранешна 40-годишна партнерка од Скопје.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.






