1.200 Гостиварци во болница не завршиле од водата, туку од храната, тврди директорката на ЈП „Водовод“-Гостивар Артана Асани
Директорката на гостиварскиот Водовод Артана Асани за „Телма“ вели дека зголемениот број на заболени лица во Гостивар не е поради загадената вода. Таа ги негира информациите на надлежните институции кои ја забранија водата за пиење во Гостивар поради сомневање дека таа е загадена и е извор на епидемијата која се шири во градот.

Асани вели дека „меѓу заболените има и лица кои пиеле само флаширана вода“ и според неа причина за заболувањата на над 1.200 граѓани била храната што ја јаделе или високите температури.
Во меѓувреме, водата во Гостивар е кафена.






