Пријавен е обезбедувач во трговски центар во Аеродром – нападна малолетник


Полицијата работи на расчистување на случај во кој обезбедувач е пријавен дека физички нападнал малолетник во трговски центар на подрачјето на скопската општина Аеродром.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 12 часот во СВР Скопје, 43-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат на 3 јули годинава.

Како што е наведено во полицискиот билтен, според пријавата, за нападот е осомничен Х.К., кој во моментот бил вработен како обезбедување во трговскиот центар.

Од МВР информираат дека се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои се случил инцидентот.

Засега не се соопштени дополнителни детали за причините за настанот, ниту дали против пријавениот ќе биде поднесена соодветна кривична или прекршочна пријава.

Back to top button
Close