СДСМ: ВМРО-ОКГ не сака да ги заврши реформите

ВМРО-ОКГ повторно зборува за „празен лист“ и „виктимизација“ на опозицијата околу Изборниот законик. Нема крај на нивните лаги. Нивниот „празен лист“ воопшто не е празен. На него веќе се заокружени броеви и имиња. Тоа не е понуда за консензус, туку обид да се наметне модел кој ќе овозможи контрола и кражба на гласовите од дијаспората, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално.

Препораките на ОБСЕ и ОДИХР СДСМ ги прифаќа. Она што не се прифаќа се предлозите на организираната криминална група ВМРО на чело со Христијан Мицкоски – предлози создадени за манипулација, а не за фер избори.

ВМРО-ОКГ не сака да ги заврши реформите.

Прво ветија 1.јуни. Потоа јули. Сега намерно создаваат проблем за да имаат изговор зошто агендата повторно не е исполнета.

Тие не сакаат ЕУ. Во Европската унија нема ослободување на криминалци како што сега се ослободуваат Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас. Во ЕУ тие би одговарале. Во ЕУ,  ВМРО-ОКГ не би можела да враќа имот стекнат со криминал.

Жртва не е опозицијата. Жртва е Македонија и нејзината европска иднина.

Back to top button
Close