Опасност на игралиште во Мичурин: Малолетници сами пуштаат струја преку отворено електрично сандаче
На социјалните мрежи е објавено видео од игралиште во населбата Мичурин во Скопје, на кое се гледа електрично сандаче од кое се пушта струјата за осветлувањето на игралиштето.

На видеото се гледа дека иако сандачето е оградено, неговата вратичка е скршена, поради што малолетници можат сами да пристапат и да го вклучуваат и исклучуваат напојувањето.
„Секоја вечер децата „палат и гасат“ светло на игралиштето во Мичурин. Решете го тоа со струјата пред да биде касно!“, стои во објавата на социјалните мрежи.
Граѓаните предупредуваат дека ваквата состојба претставува потенцијална опасност за децата кои го користат игралиштето и апелираат надлежните служби да реагираат и да го обезбедат електричното сандаче за да се спречи несакан настан.






