Билбордот „Добредојдовте во Скопје“ денеска „ќутенката“ отстранет.

По реакциите на јавноста на социјалните мрежи, денеска е отстранет билнордот за „Добредојде во Скопје“, кој во петокот вечерта беше намонтиран од страна на градската управа.
Отстранувањето Градот го направи „ќутенката “ , овој пат изостанаа бомбастичните најави лично од градоначалникот Георгиевски кој многу љуби да најавува како тој има обичај да напише „испишуваме историја“. Овој пат објавуваа граганите ама не и Градот оти ќе мораше да објасни кој го направи циркус билбордот за добредојде во Скопје.
На социјалните мрежи следуваа жестоки критики дека е употребена вештачка интелигенција, објектите не се реално прикажани и дека има еден куп грешки во симболите на Скопје.
Граѓани денеска информираат дека билбордот е веќе отстранет,а од Град Скопје немаше известување кој го направил паното и под каков договор.
Овој визуелен дебакл според критичарите се случува во период кога Скопје треба интензивно да се подготвува за Европска престолнина на културата во 2028 година. Тие обвинуваат дека наместо професионално претставување со ангажман на вистински македонски дизајнери и уметници, градот се брука со евтин „дигитален кич“.






