Ги возел од Гевгелија до Скопје, а кога стигнале, го претепале и му го земале паричникот

На 19.07.2026 околу 05:00 часот во СВР Скопје 56-годишен такси возач од Гевгелија пријави дека околу 02:00 часот во неговото возило влегле две лица-патници кои му кажале да ги превезе до Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари и дека ќе му платат кога ќе стигнат.
Откако пристигнале, тие физички го нападнале и му го одзеле паричникот со пари и документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. \






