Кривична пријава за двајцата осомничени за силување на 32-годишната жена од Србија

Двајца жители на Скопје се кривично пријавени под сомнение дека извршиле кривично дело „полов напад и силување“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, СВР Скопје – Единицата за насилен криминал, Одделението за крвни и сексуални деликти, до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава по брза постапка против А.М. (41) и Ј.Р. (34), двајцата од Скопје.

Според сомнежите, на 17 јули околу 21:45 часот, покрај патот Горно Лисиче – Долно Лисиче, тие со употреба на физичка сила и закани силувале 32-годишна жена од Србија со престојувалиште во Скопје.

Осомничените биле изведени пред судија на претходна постапка, кој им изрекол мерка за времено одземање на патните исправи.

Back to top button
Close