Осум повредени во невремето во Скопје примени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски”, тројца се пуштени дома

 

Осум лица биле пренесени во скопските болници поради повреди здобиени за време на силното невреме што го зафати главниот град.

Медицинските екипи интервенирале на повеќе локации, а повредените биле распоредени во неколку здравствени установи.

 Шест повредени во невремето во Скопје се донесени во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” кои се со посекотини и набиеници. Сите лица се третираат амбулантски, изјави за МИА, директорот на Клиниката, д-р Небојша Настов.

Тројца од повредените по амбулантскиот преглед, се пуштени дома, а тројца се во фаза на испитување.

– Сите се во стабилна состојба. Првично не оддаваат впечаток дека ќе бидат задржани на натамошно лекување. Еден пациент е повреден при пад на дрво и го закачиле гранките, еден е повреден од лим кој паднал од некој покрив, а еден е повредени од паднати керамиди, додаде д-р Настов

Back to top button
Close