Пронајдени јајца од цревен паразит кај екс-кандидат за градоначалник на Гостивар по пиење на водата со фекалии
Поранешниот кандидат за градоначалник на Гостивар од Левица, Дарко Грујоски, објави дека според микробиолошки наод кај него биле пронајдени јајца од цревниот паразит Ascaris lumbricoides, за кој тврди дека е последица од загадената вода во гостиварскиот водовод.

Станува збор за паразит кој се пренесува по фекално-орален пат, преку загадена вода, храна или нечисти раце. Грујоски наведува дека по препорака од лекар треба да се тестираат и најблиските членови на неговото семејство, бидејќи паразитот лесно може повторно да се пренесе доколку има и други заразени.
Тој побара одговорност од надлежните и праша кој ќе ги надомести трошоците за лекарските прегледи, анализите, лековите и изгубените работни денови, како и кој ќе им го врати здравјето и мирот на граѓаните.
Во меѓувреме, здравствените власти соопштуваат дека епидемијата во Гостивар е под контрола, дека бројот на новозаболени се намалува и дека во моментов приоритет е нормализирање на водоснабдителниот систем






