Али Ахмети по 24 години го истакна државното знаме во својата канцеларија во Мала Речица

Али Ахмети, лидерот на ДУИ го постави државното знаме во неговата канцеларија во седиштето на партијата во Мала Речица. Македонското знаме е видено за време на средбата на Ахмети со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер.

„Отсекогаш сум бил за унитарна држава, тоа беше и предлог на странските амбасадори во земјава, бидејќи на средбите со нив ми беше предложено знамето на државата Северна Македонија да биде поставено во мојата канцеларија“, истакна Ахмети за „Тетова сот.

Ахмети додава дека поставувањето на државното знаме е во согласност со верувањето дека државата им припаѓа на сите граѓани, и дека државните симболи мора да се почитуваат.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети конечно по 24 години од основањето на партијата го поставил државното знаме во неговата канцеларија, додека во седиштето на ДУИ во Мала Речица државното знаме редовно е истакнато во салата за состаноци кога партијата држи прес-конференции

Back to top button
Close