Внук го ограбил дедото за 17.300 евра во Демир Капија, па парите ѝ ги однел на мајка си
Вчера во 19:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода К.Л.(36) од Демир Капија и нејзиниот 14-годишен син, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 68-годишен поранешен свекор дека неговиот 14-годишен внук, под влијание на неговата мајка, од неговиот дом му одзел околу 17.300 евра и ги однел кај неговата мајка.

За настанот бил известен јавен обвинител, Центар за социјални работи и адвокат за малолетници, во чие присуство бил извршен разговор со малолетникот. К.Л. била задржана во полициска станица.
По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.






