Утре пороен дожд, грмежи и температури до 27 степени


Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 литри на метар квадратен). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 километри на час).

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно.

Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите.

Back to top button
Close