Повторената набавка на автобуси поскапе за над милион евра, пари со кои можеа да се поправат климите на старите возила

Унгарската фирма „Електробус Икарус“ и австриската ЕВН се избрани и на вториот повик за набавката на 150 електрични автобуси, од кои 100 за Скопје, а 50 за останатите градови во Македонија.

Во дописот од Министерството стои дека „Икарус“ и ЕВН дале најниска цена од  3 .120 956 004 денари дез ДДВ или 50 милиони евра, односно 19 796 924 денари без ДДВ или 322 илјади евра по единица автобус и 2 018 899 без ДДВ или по 30.000 евра по единица станица за полнење, пренесе Фокус.

На електронската аукција била понудена цена од приближно 322.000 евра без ДДВ за еден автобус, додека една станица за полнење ќе чини околу 33.000 евра. На првиот тендер, кој подоцна беше поништен, цената на еден автобус од истиот производител изнесуваше околу 314.000 евра.

Тоа значи дека по пропаѓањето и повторувањето на постапката, истиот понудувач повторно го добива тендерот но сега со повисока цена по возило. Кај 150 автобуси, разликата од околу 8.000 евра по автобус би значела приближно 1,2 милиони евра повисока сума само за возилата, доколку се споредуваат објавените единечни цени од двете постапки.

Оваа сума ќе беше повеќе од доволна да се сервисираат кинеските и украинските автобуси, да им се поправат уредите за клима и да се закрпат седиштата или пак да се направи хемиско чистење на возилата.

Повеќе

Back to top button
Close