Почина 27 годишен осуденик во кумановскиот затвор

Дваесет и седумгодишен осуденик од Куманово почина во Казнено-поправната установа Куманово – Затвор К’шање.

Според информациите од МВР, вчера во 12:35 часот било пријавено дека во затворот бил пронајден починат С.Ш.(27) од Куманово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Причините за смртта ќе бидат утврдени по завршувањето на обдукцијата

Back to top button
Close