Една година живеел со малолетничка и ја силувал, уапсен 26-годишник

26-годишен жител на радовишко село е осомничен за кривичните дела „силување на дете кое не наполнило 15 години“ и „вонбрачен живот со дете“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека СВР Струмица – ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против осомничениот поради постоење основано сомнение дека ги сторил наведените кривични дела.
Според пријавата, во периодот од 2025 година до 23 јули 2026 година, во куќата на родителите на малолетничката во радовишко село, каде што двајцата живееле во вонбрачна заедница, пријавениот повеќепати извршил обљуба врз неа, иако знаел дека не наполнила 15 годинa
Осомничениот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во текот на денот тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка при Основниот суд во Струмица.






