СДСМ: Отровот стигна и до Скопје

Прво загадена вода за пиење во Гостивар, Валандово, Лешок, Крушево и Пласница. Дури и во болница немаше безбедна вода. Сега бела пена тече низ реката Лепенец во Скопје, се неведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Пената изгледа како да е синтетичка. Видливиот доказ за загадување што се излива директно во реката, токму таму каде што Лепенец се влева во Вардар.

Ова веќе не е инцидент. Ова е системски колапс на институциите под команда на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.

Додека тие отвораат базени, менуваат министри и обвинуваат за „дезинформации“, реките се полнат со пена, а граѓаните не смеат да ја пијат водата од чешма.

Мицкоски ја труе Македонија. Буквално.

СДСМ

Back to top button
Close