Претрес во Скопје, лишени од слобода две лица, пронајдени пет килограми марихуана

Пет килограм марихуана се пронајдени денеска при претрес на дом во Скопје, а две лица се лишени од слобода, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска по наредба од Основен кривичен суд Скопје извршиле претрес на дом и други простории кај С.Љ.(51) од Скопје.
При претресот пронајдени се пет килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.
С.Љ. и неговиот син Б.Љ.(19) се лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против истите ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик по итна постапка, додаваат од МВР.






