СДСМ: Водата загадена во шест населени места, нема одговорност и кривични пријави

– Водата е отруена веќе во шест населени места.Гостивар. Валандово. Лешок. Крушево. Пласница. Преглово. Дури и во болницата во Лешок немаше безбедна вода.Сега бела пена тече низ Лепенец и Вардар. Отровот стигна до Скопје. Мицкоски и организираната криминална група ВМРО немаат милост. Нема одговорност. Нема кривични пријави – се вели во денешото соопштение од СДСМ, што МИА го објавува интегрално.

Обвинителот Савески се сокри. Нема наредба од Мицкоски. Никој не одговара. Никој од надлежните институции не поднесе одговорност. Министерот за здравство ги навредува професорите и докторите, а не поднесува оставка.

Ова повеќе не е еколошка катастрофа. Ова е системско труење на цела Македонија.Ова е директно загрозување на семејствата и децата на цела Македонија.

Со години ги труеа со лаги, омраза и пропаганда.Сега ги трујат и со вода – најосновната животна потреба. Додека тие менуваат министри, пуштаат дронови и се прават загрижени, граѓаните не смеат да ја пијат водата од чешма, а реките носат пена. Маските паднаа. Лицето на оваа власт е јасно.

Back to top button
Close