На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“

На ГП „Богородица“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 2 часа, а за влез на ГП „Табановце“ околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Back to top button
Close