Тинејџер прободен во градниот кош – тврди дека бил повреден во игра

Ноќеска во 01:12 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет на градниот кош бил донесен 15-годишник од Скопје.
Како што се наведува во полицискиот билтен, во разговор со полициски службеници тој изјавил дека бил повреден во населба Гази Баба од малолетник кој го познавал и дека бил повреден при игра без намера да се повредат.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






