Обвинителството во Улцињ донесе одлука и ѝ одреди мерка на скопјанката Сашка С.

Основното државно обвинителство (ОДО) во Улцињ одреди задржување до 72 часа за државјанка на Северна Македонија со иницијали С.С., поради основано сомнение дека сторила кривично дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“.
Според соопштението на Обвинителството, осомничената во близина на Булеварот „Теута“ со автомобил „Мерцедес“ прегазила и усмртила домашно куче од расата шарпланинец, кое било во сопственост на граѓанин.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на случајот.






