СДСМ: Во Гостивар уште 4.000 пациенти, а ВМРО-ОКГ вели дека СДСМ шири дезинформации

ВМРО-ОКГ деновиве тврди дека СДСМ шири дезинформации и паника за водата, се наведува во соопштението од СДСМ.
Во Гостивар ситуацијата е катастрофална.
За само неколку денови има речиси 4.000 пациенти. Болницата е преполна.
Водата сè уште не е безбедна ниту за техничка употреба.
Ова е „дезинформација“?
Додека граѓаните стојат во редови за флаширана вода и полнат болнички ходници, ВМРО-ОКГ се занимава со обвинувања за паника.
Реалноста е јасна:
Илјадници заболени.
Вода што не смее да се користи ниту за миење.
А тие сè уште зборуваат за „дезинформации“.
Граѓаните во Гостивар не паничат. Тие се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна.
СДСМ






