СДСМ: Утре Гостивар треба да добие „технички исправна“ вода, како да им веруваме
Вчера министерот Kлековски призна дека е нивна грешка. Денес одговорноста веќе е префрлена на локално ниво.
Како пинг-понг. Никој не превзема одговорност. Само се префрла. Утре Гостивар треба да добие „технички исправна“ вода. Значи – сè уште не за пиење. И сега прашањето е едноставно: Како да им веруваме?, се вели во соопштението на СДСМ.
Кога на Мицкоски и на неговата влада црвените светла и алармите им доцнат, како да веруваме дека оваа „техничка“ вода утре ќе биде безбедна дури и за капење?
Како да му веруваат граѓаните на Мицкоски за водата, кога тој лажеше за сè?
Лажеше дека ќе го врати името. Лажеше за Преспанскиот договор. Лажеше за НАТО.
Лажеше дека се загрозени јазикот, културата и националниот идентитет.
Лажеше дека ќе ги исполни реформите до 1 Јуни.
Лажеше за подобри преговарачки услови со ЕУ – добивме изолација. Лажеше дека правосудството е независно – го приватизираше целосно, само за своите интереси.
Лажеше за повисоки плати и пензии. Лажеше за подобри услови за земјоделците.
Лажеше дека се патриоти и дека немаат бугарски државјанства. На крај, имаат речиси сите, и нивните семејства.
И не само пасоши – имаат и фирми и бизниси во Бугарија.
Лажеше за сè.
Дојде на власт со лаги. Владее со лаги.
Како сега да му веруваат за водата оние што му веруваа кога го гласаа?
Утре пак ќе ја слушнеме истата приказна: никој не е виновен, само алармот се активирал доцна?!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ






