Татко на 71 и мајка на 61 година за прв пат станаа родители


Жена на 61-годишна возраст и нејзиниот 71-годишен сопруг за првпат станаа родители на здраво машко бебе по успешно спроведена ин витро постапка во болницата „Д-р Органџиски“.

Од болницата го оценија случајот како историски успех, посочувајќи дека бременоста била постигната по внимателна и индивидуализирана медицинска подготовка.

На успешната ин витро постапка ѝ претходела хистероскопска реконструкција на матката, а биле користени донирани јајце-клетки.

Според информациите од болницата, мајката и бебето се во добра здравствена состојба.

Случајот привлече внимание поради возраста на двајцата родители и сложеноста на медицинската постапка што ѝ претходела на бременоста.

Back to top button
Close