По четири часа изгаснат е пожарот меѓу селото Бучим и истоимениот рудник

По четири часа Територијалната противпожарна единица Радовиш го изгасна пожарот кој денеска избувнал во атарот меѓу селото Бучим и истоимениот рудник, информираа радовишките пожарникари.
Според ТППЕ Радовиш, пожарот бил пријавен во 13:10 часот, а пожарникарите го гаснеле со две противпожарни возила и пет пожарникари.
-Поради големиот ризик на пожарот и близината на огнот кој се ширеше заради ветерот, кој што дуваше во правец на првите куки во селото, по четиричасовна борба пожарот е локализиран и целосно изгаснат, се наведува во информацијата од ТППЕ Радовиш.
Пожарникарите апелираат на внимателност заради повторно зголемемување летни температури и опаснот од пожари






