Седум години го чекав ова“ – сопруг упадна на сцена и шамараше гинеколог кој сексуално ја злоставил неговата сопруга

„Седум години го чекав ова“ – сопруг упадна на сцена и шамараше гинеколог кој сексуално ја злоставил неговата сопруга (ВИДЕО)

Драматична сцена на медицинска конференција во Балтимор, САД, повторно стана вирална на социјалните мрежи, откако сопруг упадна на бината и физички нападна лекар пред бројна публика.

За време на инцидентот, мажот јавно го обвини докторот гинеколог Вилијам Бурк дека пред седум години сексуално ја злоупотребил неговата сопруга за време на лекарски преглед во Њујорк.

„Седум години го чекав ова. Седум години. Мојата сопруга страда. Знаеш што направи“, извикува мажот додека му удира шлаканици на лекарот.

Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. Дел од присутните се обиделе да го смират инцидентот, додека предавањето било прекинато.

Иако обвинувањата беа јавно изнесени за време на нападот, тие не претставуваат судски утврден факт. Во јавноста нема информации за конечна судска одлука што би ги потврдила или отфрлила наводите на сопругот.

Видеото и денес е едно од најсподелуваните кога станува збор за инциденти на јавни настани, токму поради емотивната реакција на мажот и неговата изјава дека чекал седум години за да се соочи со докторот.

Инцидентот се случил во мај 2023 година за време на медицинска конференција во Балтимор, а видеото првпат стана вирално во јуни истата година и повторно се споделува на социјалните мрежи.

.

 

Back to top button
Close